Skip to main content

Курсевите се наменети за возрасни слушатели (над 18 години) и се темелат на Европската референтна рамка за јазици и подготвуваат за испитите на Гете-институтот. Во согласност со Европската референтна рамка за јазиците, курсевите опфаќа 50 наставна часа кои се распределени во 20 средби од 120 минути.

Концептот на нашата настава ги тренира сите вештини кои се неопходни за јазично делување:

  • СЛУШАЊЕ
  • ЧИТАЊЕ
  • ПИШУВАЊЕ
  • ЗБОРУВАЊЕ

На сите вештини им се дава еднакво значење и тие целно се тренираат на час.

Наставнот кадар го сочинуваат дипломирани професори по германски јазик кои не само што имаат одлични познавања од јазикот, туку се и методичко-дидактички подготвени, посетуваат редовни обуки во земјава и во странство и реализираат модерна настава која се потпира на следниве принципи:

  • ИНТЕРАКТИВНА И КОМУНИКАТИВНА НАСТАВА

Слушателите се активни во процесот на учење на јазикот, наставата не е фронтална, знаењето (граматичките структури и вокабуларот) се применува на час во конкретни ситуации. Се работи во групна работа и/или партнерска работа што ја зголемува мотивацијата.

  • НАСТАВА ОРИЕНТИРАНА КОН СЛУШАТЕЛИТЕ

Наставата се ориентира кон слушателите и ја зема во обѕир Вашата индивидуалност, Вашите интереси и потреби, а материјалите се прилагодуваат на поединецот.

  • НАСТАВА КОЈА ПОДГОТВУВА ЗА ЈАЗИЧНО ДЕЈСТВУВАЊЕ

Нашата настава Ве подготвува јазично да дејствувате а тоа се прави преку симулација на автентични слушаи во училница. Она што сте го научиле теоретски можете веднаш да го употребите во реална ситуација.

  • МОДЕРНА НАСТАВА СО ИНТЕГРИРАЊЕ НА ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ

За подобро совладување на јазикот, во наставата користиме модерни дигитални медиуми како што се компјутери, мобилни телефони, различни платформи за учење јазик, мобилни апликации и сл. и Ве мотивираме истите да ги користите и дома.

  • НАСТАВА КОЈА НУДИ ИНТЕРКУЛТУРНА ОРИЕНТАЦИЈА

Кога се учи јазик не се учат само граматички правила и зборови, туку и културата на земјата. Ние ќе Ви ја доближиме германскојазичната култура која ќе Ви овозможи полесна комуникација.  

Аплицирај Online!

Пополнете ја формата со вашите податоци и курсот за којшто сакате да аплицирате и очекувајте да бидете исконтактирани.