Skip to main content

„Академија 26“ издава уверенија за активно познавање на шпанскиот, германскиот, англискиот, италијанскиот, словенечкиот, чешкиот, рускиот и македонскиот јазик кои се засноваат на Заедничката европска референтна рамка за јазиците на Советот на Европа (ЗЕРРЈ).

На денот на спроведувањето на проверката, кандидатите задолжително со себе треба да носат документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа).

Уверението за активно познавање на соодветниот јазик се издава во рок од три работни дена по спроведувањето на проверката, а се подигнува во просториите на Едукативниот центар.

Пријавувањето се врши преку нашата е-маил адреса или на телефонскиот број 078686405.

 

   Напомена:

Уверенијата можат да послужат како доказ за активно познавање на странскиот јазик пред домашни и странски институции. Сепак, тие ја немаат истата тежина како уверенијата од меѓународен карактер издадени на пример од страна на Гете-институтот или Институтот Сервантес. Пред да се пријави проверката на знаењето, се препорачува кандидатот добро да се информира за тоа каков тип на уверение му е потребно за исполнување на своите цели.

Спремни сте да започнете?

Аплицирај Online!

Пополнете ја формата со вашите податоци и курсот за којшто сакате да аплицирате и очекувајте да бидете исконтактирани.