Skip to main content

Запознавањето со културата е важен чекор за учениците кои што учат странски јазик. Јазикот е дел од секоја култура, а за учениците да бидат успешни, тие мора да разберат и да ценат различни аспекти од културата на еден народ,  како што е уметноста, гастрономијата, секојдневните навики, музиката, начинот на облекување, празниците и др. Разбирањето на културата ги поттикнува учениците да станат компетентни членови на општеството и да развијат доверба во нивните способности.

Поради оваа причина „Академија 26“ ви нуди курсеви по

  • ШПАНСКА КУЛТУРА И ЦИВИЛИЗАЦИЈА
  • ГЕРМАНСКА КУЛТУРА И ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Ова е вистинска можност да го освежите и збогатите вашиот вокабулар, а воедно и да научите повеќе за шпанското и германското општество, историјата, географијата, традициите, економијата, политиката и други важни аспекти од културата на шпанскиот и германскиот народ.

Курсевите по култура и цивилизација се состојат од многубројни интерактивни вежби на час, дискусии, домашни задачи, истражување, подготвување и презентирање проекти. Учебниците и додатните материјали за овој курс се бесплатни, а слушателите е потребно да имаат минимум А2 ниво по шпански и/или германски јазик.

Спремни сте да започнете?

Аплицирај Online!

Пополнете ја формата со вашите податоци и курсот за којшто сакате да аплицирате и очекувајте да бидете исконтактирани.