Skip to main content

„Академија 26“ врши подготовка за полагање испити за стекнување меѓународно признати сертификати како што се испитите по германски јазик на Гете-институтот и DELE-испитите по шпански јазик на Институтот Сервантес.

  • ИСПИТИ НА ГЕТЕ-ИНСТИТУТ 

Сертификатите на ГЕТЕ-ИНСТИТУТ се меѓународно признати сертификати кои ви овозможуваат да го докажете вашето знаење по германски јазик. Гете-институтот е институција на Сојузна Република Германија со претставништва во многу делови од светот и е задолжен за спроведување на официјалните испити за германски јазик, како и за промовирање на ширењето на јазикот во странство, неговата размена и меѓународната културна соработка. Постојат 6 различни испити, земајќи ја предвид Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR). Испитите се движат од А1 ниво за почетници до Ц2, највисокото јазично ниво. Сертификатите се меѓународно признати и можат да ви послужат за студирање и за работа во која било земја од германско говорно подрачје.

  • ДЕЛЕ ИСПИТИ

Дипломата DELE е официјален документ од меѓународен карактер доделен од страна на Институтот Сервантес во име на Министерството за образование и наука на Кралството Шпанија. Дипломите DELE се единствените меѓународно признати дипломи кои ви овозможуваат да го потврдите вашето познавање на шпанскиот јазик. Дипломите имаат неограничено времетраење и се состојат од вкупно 6 нивоа во зависност од вашето ниво на шпанскиот јазик: A1, A2, Б1, Б2, Ц1 и Ц2 ниво.

Спремни сте да започнете?

Аплицирај Online!

Пополнете ја формата со вашите податоци и курсот за којшто сакате да аплицирате и очекувајте да бидете исконтактирани.