Skip to main content

Добре дојдовте на Академија 26

Академија за шпански и германски јазик

   Академија 26 е иновативна и современа академија специјализирана за курсеви по шпански и германски јазик за возрасни и млади. Наставата е динамична, интерактивна и целосно прилагодена на потребите на учениците кои сакаат да го совладаат јазикот и да ја запознаат културата на Шпанија и Германија.
Покрај наставата, Академијата нуди и професионални преводи на сите јазици, со врвен квалитет и сигурност, наменети за приватни лица, компании и институции.
Со „Академија 26“ учењето јазик е повеќе од образование – тоа е врата кон нови култури, можности и професионален развој.

Интерактивна настава преку модерни дигитални алатки

Флексибилни термини и лесна достапност каде и да сте

Компетентни професори со долгогодишно искуство

Прилагодливост на вашите потреби и континуирана поддршка во учењето

Изберете го јазикот што сакате да го научите

Заинтересирани сте? Аплицирајте

Во „Академија 26“ добивате квалитет кој гарантира одлични резултати. Фронталната настава е заменета со комуникативен пристап каде што јазикот се учи со активно зборување, па затоа учењето е комуникативно и интерактивно, а тоа подразбира работа во помали групи, партнерска работа, работа на проекти и слично.  Со цел унифицираност и подготовка за испитите за меѓународно признати сертификати, едукативниот центар се води од Заедничката европска референтна рамка за јазици каде што посебно е запазен потребниот број на часови.

Шпански

Германски

Англиски

Во наставата по германски јазик во Академија 26 се употребуваат различни интерактивни методи за предавање на материјалот. Најважно е што професорката ми влеа голема самодоверба да го зборувам јазикот и кога се преселив во Германија се беше полесно.

Катарина ЈосифовскаДокторанд на Технолошки факултет во Карлсруе, Германија

После 2 години безуспешно учење шпански јазик во други училишта, конечно стапнав во Академија 26. Благодарна сум на професорот бидејќи ме научи дека граматиката не е најважна, туку е потребно повеќе вокабулар и многу конверзација за течно говорење на јазикот. Во Академија 26 часовите се одвиваат исклучиво на шпански, па затоа кога се преселив во Шпанија многумина мислеа дека сум роден говорител на шпанскиот јазик.

Сандра СтојменовскаПсихолог

Кога се запишав на курс по шпански јазик во Академија 26, прво што ми привлече внимание беше начинот на кој се одвива наставата. Не станува збор за класично предавање каде што професорот објаснува а учениците слушаат, туку сите ученици се вклучени во активна конверзација. Наставата се одвива по врвни стандарди и преку модерен начин на совладување на јазикот.
Ви препорачувам да ја одберете Академија 26 и ви гарантирам дека позитивно ќе се изненадите од секој можен аспект

Стефан ДимитровскиСтудент

Спремни сте да започнете?

Аплицирај Online!

Пополнете ја формата со вашите податоци и курсот за којшто сакате да аплицирате и очекувајте да бидете исконтактирани.