Skip to main content

„Академија 26“ нуди екстензивни и интензивни курсеви за возрасни и деца по следните јазици:

Шпански

Германски

Англиски

Словенечки

Италијански

Чешки

Руски

Наставата е следена од Заедничката европска референтна рамка за јазици при што се користат најсовремени методи за изучување на странскиот јазик. Наставата се одвива во просториите на Едукативниот центар или онлајн по однапред дефиниран распоред. На последната средба од курсот задолжително се полага завршен тест кој е услов за продолжување во нареден степен. Со успешно положен тест, слушателот се стекнува со право на сертификат и додаток на сертификат кој го содржи резултатот од завршниот тест како и бројот на посетени часови.

Покрај изучување на странски јазик во група, ви нудиме можност и за индивидуална настава. Часовите можат да се приспособат на потребите на слушателите, а интензитетот и времетраењето на часовите се во договор со слушателот и професорот.

Спремни сте да започнете?

Аплицирај Online!

Пополнете ја формата со вашите податоци и курсот за којшто сакате да аплицирате и очекувајте да бидете исконтактирани.