Skip to main content

Германскиот јазик често има репутација дека е тежок – долги зборови, чудни падежи и изговор што бара вежбање. Но, реалноста е дека германскиот е логичен, прецизен и совршено структуриран јазик, кој само бара малку повеќе внимание.

Во Академија 26 секојдневно гледаме како учениците напредуваат, но и каде најчесто грешат. Па, да видиме кои се топ 7 грешки што ги прават учениците по германски јазик и како можеш лесно да ги избегнеш.

1. Мешање на членови (der, die, das)

Германскиот јазик има три рода:

  • машки род (der),
  • женски род (die),
  • среден род (das).

И тука најчесто настанува хаос. Нема строго правило кое ќе ти каже кој збор е од кој род. На пример:

  • der Tisch (маса – машки род),
  • die Lampe (лампа – женски род),
  • das Messer (нож – среден род).

💡Совет: Кога учиш нов збор, секогаш учи го со членот – не одвоено. Наместо „Tisch = маса“, кажувај „der Tisch“. Така мозокот автоматски ќе го поврзе зборот со точниот род. Во Академија 26 често користиме картички, бои и асоцијации, за да го направиме процесот полесен и визуелно интересен.

Погрешен редослед на зборовите во реченицата

2. Погрешен редослед на зборовите во реченицата

Во германскиот јазик редоследот е многу важен – глаголот во независна реченица секогаш стои на второ место. На пример:

Ich lerne jeden Tag Deutsch. (Секој ден учам германски)
Ich jeden Tag lerne Deutsch.

💡Совет: Во германскиот, сè друго може да се менува, но глаголот секогаш останува втор.

3. Мешање на падежите (Nominativ, Akkusativ, Dativ, Genitiv)

Падежите во германскиот на многумина им задаваат мака. Тие ја покажуваат улогата на зборот во реченицата – кој прави нешто, на кого, или со кого. На пример:

  • Ich sehe den Mann. (Го гледам човекот.) → Akkusativ
  • Ich helfe dem Mann. (Му помагам на човекот.) → Dativ

💡Совет: Кога учиш глагол, учи го заедно со падежот што го бара. Така полесно ќе ги „чувствуваш“ правилата отколку ако само ги учиш напамет. Кај нас во Академија 26, падежите ги вежбаме преку реални ситуации и дијалози, а не со сувопарни табели. На пример, „во маркет“, „во ресторан“, „на лекар“ – така правилата добиваат смисла.

4. Буквален превод од македонски јазик

Многу ученици на почеток се обидуваат да мислат на македонски, па затоа го „влечаат“ истиот редослед на зборовите и ја користат истата логика и во германскиот јазик. На пример:

Ich habe 30 Jahre. – грешка од буквален превод од македонски „Јас имам 30 години“.
Ich bin 30 Jahre alt. – буквално на македонски „Јас сум 30 години стар“. 

💡Совет: Немој да преведуваш збор по збор – учи изрази и цели реченици. На пример, не учи „haben = имам“, туку „Ich habe Hunger = Гладен сум“. Така почнуваш да мислиш на германски начин, што е вистинската цел.

Заборавање на глаголот на крајот од реченицата

5. Заборавање на глаголот на крајот од реченицата

Во зависните реченици (со сврзници како weil, dass, wenn) глаголот секогаш стои на крајот од реченицата. Ова е правило што дури и напредните ученици понекогаш го забораваат. На пример:

Ich bleibe zu Hause, weil ich krank bin. (Останувам дома затоа што сум болен.)
Ich bleibe zu Hause, weil ich bin krank.

💡Совет: Пробај да замислиш дека зборовите се „воз“ – глаголот секогаш е последниот вагон кога има зборче како weil, dass, wenn.

6. Изговорот – најголемата разлика меѓу читањето и зборувањето

Германскиот изговор има свои специфики, но не е страшен ако се вежба правилно. Најчесто се греши при изговарањето на:

  • ch – во ich звучи меко, не како „х“,
  • ü – глас меѓу „у“ и „и“, како во über.

💡 Совет: Слушај што повеќе германски – песни, подкасти, филмови. Во Академија 26 работиме со аудио материјали и вежби за фонетика, за учениците да го совладаат изговорот природно и без притисок.

7. Недостаток на континуитет во учењето

Многумина почнуваат со ентузијазам, но после месец-два го губат ритамот. Германскиот јазик бара континуитет. Ако не се користи – се заборава.

💡Совет: Одвој само 15–20 минути дневно за германски јазик. Слушај нешто на германски, па макар и да е тоа пасивно. Повтори го стариот материјал пред да започнеш со учење на новиот, а притоа не барај совршенство – барај постојаност. Не заборавај дека секоја грешка е чекор напред.

Во Академија 26, наставата се одржува двапати неделно по 90 минути, што претставува идеален баланс меѓу интензитет и континуитет, овозможувајќи стабилен напредок без чувство на преоптовареност.

Аплицирајте

Најчести прашања

Колку време треба за да се совлада германскиот јазик?

Зависи од твојата посветеност. Со редовна настава двапати неделно, за 6 месеци можеш да водиш основен разговор и да разбираш секојдневен говор.

Дали германскиот јазик е навистина тежок?

Не толку колку што изгледа. Македонците имаат добро чувство за граматика, па брзо ја сфаќаат структурата – само изговорот бара повеќе практика.

Дали Академија 26 нуди часови за почетници?

Да, имаме групи за сите нивоа со пријатна атмосфера, интерактивна настава и професори кои секој час го прават интересен.

Аплицирај Online!

Пополнете ја формата со вашите податоци и курсот за којшто сакате да аплицирате и очекувајте да бидете исконтактирани.