Кога некој ќе одлучи да учи шпански јазик, едно од првите прашања што си го поставува е: „За колку време ќе научам?“ Денес, многу јазични школи нудат курсеви кои се претставуваат како интензивни и брзи, со ветување дека за краток период ќе се совлада цело ниво. Но вистинското прашање не е колку брзо, туку колку квалитетно и темелно ќе се научи јазикот.
Токму тука се јавува најголемата разлика помеѓу сериозен јазичен курс и курс кој е скратен само за да изгледа поатрактивен.
Што всушност предвидува Европската референтна рамка за јазици (CEFR)?
Европската референтна рамка за јазици (CEFR) претставува основа врз која се градат јазичните програми на сите реномирани институции, вклучувајќи го и Институтот Сервантес, како официјална институција за шпанскиот јазик. Оваа рамка јасно дефинира колку наставни часови се потребни за еден слушател реално да го совлада одреден степен, а не само формално да „помине“ ниво.
Важно е да се нагласи дека овие часови не се случајна бројка, туку резултат на долгогодишно искуство, анализи и педагошки стандарди. Кога тие се скратуваат, првото нешто што страда е длабочината на знаењето.

Колку часови навистина се потребни по степен?
Подолу можете јасно да ја видите разликата помеѓу препораките на CEFR, програмата на Академија 26 и она што најчесто го нудат останатите школи.
| Степен | CEFR – препорачани часови | Академија 26 | Останати школи |
|---|---|---|---|
| A1.1 | 40-50 наставни часа (45 мин.) | 25×90 мин. = 50 наставни часа | 20-24 x 60 мин. = 26-32 наставни часа |
| A1.2 | 50-60 наставни часа (45 мин.) | 32×90 мин. = 62 наставни часа | 20-24 x 60 мин. = 26-32 наставни часа |
| A2.1 | 60-70 наставни часа (45 мин.) | 32×90 мин. = 62 наставни часа | 20-24 x 60 мин. = 26-32 наставни часа |
| A2.2 | 60-70 наставни часа (45 мин.) | 32×90 мин. = 62 наставни часа | 20-24 x 60 мин. = 26-32 наставни часа |
| Б1.1 | 50-60 наставни часа (45 мин.) | 25×90 мин. = 50 наставни часа | 20-24 x 60 мин. = 26-32 наставни часа |
| Б1.2 | 50-60 наставни часа (45 мин.) | 25×90 мин. = 50 наставни часа | 20-24 x 60 мин. = 26-32 наставни часа |
| Б1.3 | 50-60 наставни часа (45 мин.) | 25×90 мин. = 50 наставни часа | Овој степен најчесто не постои! |
Веќе од оваа табела може да се забележи клучната разлика: кај многу школи бројот на часови е речиси ист за сите нивоа, без разлика дали станува збор за почетно или средно ниво. Тоа е сериозен проблем кога целта е вистинско владеење на јазикот.
„Интензивен курс“ не значи и квалитетен курс
Во пракса, многу школи во Скопје и низ Македонија нудат курсеви со 20 до 24 средби од по 60 минути, и тоа за сите степени. Овие курсеви често се рекламираат како интензивни, но во реалноста значат скратување на материјалот, прескокнување граматички целини и недоволна работа на вокабуларот и комуникацијата.
Интензивен курс не значи помалку часови, туку потребниот број на часови кои се предвидени за еден степен, да ги поминеш за пократок период. Тоа значи да посетуваш настава почесто (3-4 пати неделно) – услови кои ретко школите во Скопје ги нудат.
На краток рок, „интензивните курсеви“ кои ги нудат останатите школи можеби изгледаат привлечно. Но на долг рок, слушателите остануваат со чувство дека „завршиле ниво“, а сепак не можат сигурно да зборуваат, да разбираат автентичен шпански или да се изразуваат со самодоверба.
Зошто Б1 нивото е најчесто погрешно третирано?
Б1 нивото е пресвртница во учењето шпански јазик. Токму тука се прави премин од основна комуникација кон понапредно изразување, со сложени граматички структури и значително проширување на вокабуларот.
Според сите програми на Институтот Сервантес и реномирани јазични центри ширум светот, Б1 нивото мора да биде поделено во три степени (Б1.1, Б1.2, Б1.3). Материјалот е обемен, темпото мора да биде контролирано, а практиката континуирана. Сепак, многу школи Б1 нивото го делат во само два степени или му даваат ист број часови како и на A1 и А2 ниво, што резултира со површно знаење и конфузија кај слушателите.
Иста или слична цена – драстично различен број на часови
Многу често се претпоставува дека пократките курсеви се поевтини, но реалноста на пазарот е поинаква. Во најголем дел од случаите, цените на курсевите по шпански јазик во други школи се исти или многу слични со цените во Академија 26, и покрај тоа што нудат значително помал број на часови.
Ова значи дека слушателите често плаќаат иста цена за курс со 20–24 часа, додека во Академија 26 за ист или сличен износ добиваат двојно повеќе време посветено на учење, вежбање и објаснување. Разликата не е само во бројката, туку во можноста наставникот да посвети време на секој ученик, да се задржи на потешките теми и да се изгради реална јазична сигурност.
Кога ќе се погледне на подолг рок, станува јасно дека пократкиот курс не значи заштеда, туку често води до повторно запишување на исто ниво или дополнителни часови. На крај, тоа значи повеќе потрошени пари и изгубено време.

Во Академија 26 квалитетот е приоритет
Во Академија 26 свесно одлучивме да не кратиме на часови, затоа што веруваме дека јазикот не се учи набрзина. Нашите програми се креирани и водени од професионални, реномирани професори со долгогодишно искуство, кои постојано ги следат новите методологии и програми за настава по шпански јазик.
Токму ваквиот пристап ни овозможи и соработка со Шпанската амбасада во Скопје, која ја препознава нашата работа и соработува со нас на проекти поврзани со шпанскиот јазик и култура.
Настава што гради знаење, не само сертификат
Наставата во Академија 26 е интерактивна, современа и ориентирана кон реална употреба на јазикот. За секој час се користат презентации, дигитални алатки и дополнителни материјали кои овозможуваат систематско следење на граматиката и вокабуларот. Секоја вежба се обработува детално, со простор за прашања и активна комуникација.
Покрај редовната настава, слушателите добиваат и дополнителни материјали, лектири по ниво, работилници, проекти и културолошки настани, со цел не само да го научат јазикот, туку и да ја разберат шпанската култура.
Не брзајте – изберете паметно
Кога бирате каде ќе учите шпански, не дозволувајте краткиот рок или цената да бидат единствениот критериум. Побарајте информација што точно добивате за таа цена. Прашајте колку часови се нудат за тој износ, дали се следи препораката за бројот на часови на CEFR и дали материјалот се обработува темелно.
Во Академија 26 не ветуваме дека ќе научите шпански „преку ноќ“. Но ветуваме дека ќе го научите правилно, стабилно и со знаење што останува.
Најчести прашања
Дали е подобро да учам шпански побавно, но подолго, или интензивно за кратко време?
Квалитетното учење јазик не зависи само од интензитетот, туку од времето што му се дава на мозокот да го процесира материјалот. Кога курсот е премногу краток, новите структури немаат време да се „слегнат“, па знаењето останува површно. Подолг, но добро структуриран курс овозможува постепено градење сигурност, што е клучно за течно зборување.
Дали поголем број часови значи и побавно напредување?
Не. Поголемиот број часови не значи дека темпото е побавно, туку дека напредувањето е постабилно и посигурно. Наместо брзо минување низ материјалот, слушателите добиваат време за вежбање, повторување и примена, што на крај овозможува побрзо и посамоуверено користење на јазикот во реални ситуации.
Што значи ако „завршам ниво“, а сепак се чувствувам несигурно кога зборувам?
Ова најчесто значи дека сте биле изложени на премалку практична употреба на јазикот. Вистинското познавање не се мери со бројот на завршени лекции, туку со способноста спонтано да разбирате и да се изразувате. Ако говорот е несигурен, тоа е знак дека е потребна дополнителна работа, а не дека „немате талент за јазици“.
Како можам да препознаам дали еден „интензивен курс“ е реално интензивен или само маркетинг?
Најлесниот начин е да го погледнете вкупниот број на наставни часови, а не само времетраењето во недели. Доколку курсот трае кратко, а има мал број часови по средба и мал вкупен фонд, тогаш станува збор за маркетинг термин, а не за вистинска интензивна настава. Реално интензивен курс значи почесто посетување настава а не помалку часови, и јасно дефиниран план што се обработува во секој час.
Дали пократкиот курс може да биде доволен ако учам и самостојно?
Самостојното учење е одлична поддршка, но не може целосно да ја замени структурираната настава. Кратките курсеви често оставаат „дупки“ во знаењето кои тешко се забележуваат без стручно водство. Самостојната работа има најголем ефект кога се надоврзува на доволен број наставни часови, а не кога служи како компензација за нивниот недостиг.





