„Академија 26“ е современ и иновативен онлајн центар специјализиран за изучување на шпански и германски јазик. Ние нудиме динамични и интерактивни курсеви кои комбинираат модерни дигитални алатки со ефикасни наставни методи, при што учењето станува достапно и инспиративно за секој, без разлика каде се наоѓа.
Јазиците на човекот му ги отвораат портите кон нови светови и кон нови возбудливи култури. Целта ни е нашите ученици да постигнат високи резултати, а при тоа, со помош на нашиот концепт на работа, да им овозможиме учење кое што ќе биде забавно и ќе предизвикува задоволство.
Нашата успешна приказна започнува во 2017 година како резултат на трудот на млади ентузијасти кои успеваат својот менаџерски и основачки дух, заедно со своите организациски вештини, да го преточат во својата професија – професор по јазик. Првично работевме како академија со часови со физичко присуство, а со голема љубов и посветеност го следевме примерот на европските јазични институти и училишта во однос на квалитетот на наставата – принцип на кој се држиме и денес. Следејќи ги современите трендови и растечката побарувачка на нашите клиенти, се насочивме исклучиво кон онлајн работа и прераснавме во една од најбараните онлајн академии за изучување на шпански и германски јазик.
Во однос на останатите јазични центри, „Академија 26“ се разликува по тоа што организира и воннаставни активности како што се: онлајн работилници, конверзациски средби со гости од странство (родени говорители), организирани часови за запознавање на различни култури преку музика, филм и гастрономија, кино-викенди и други настани во кои се применува странскиот јазик.


