„Академија 26“ нуди екстензивни и интензивни онлајн курсеви по следните јазици:
Наставата е следена од Заедничката европска референтна рамка за јазици при што се користат најсовремени методи за изучување на странскиот јазик. Наставата се одвива онлајн по однапред дефиниран распоред. На последната средба од курсот задолжително се полага завршен тест кој е услов за продолжување во нареден степен. Со успешно положен тест, слушателот се стекнува со право на сертификат и додаток на сертификат кој го содржи резултатот од завршниот тест како и бројот на посетени часови.
Покрај изучување на шпански, германски и англиски јазик во група, ви нудиме можност и за индивидуална настава. Часовите можат да се приспособат на потребите на слушателите, а интензитетот и времетраењето на часовите се во договор со слушателот и професорот.


