Skip to main content

Во „Академија 26“ добивате квалитет кој гарантира одлични резултати. Фронталната настава е заменета со комуникативен пристап каде што јазикот се учи со активно зборување, па затоа учењето е комуникативно и интерактивно, а тоа подразбира работа во помали групи, партнерска работа, работа на проекти и слично.  Со цел унифицираност и подготовка за испитите за меѓународно признати сертификати, едукативниот центар се води од Заедничката европска референтна рамка за јазици каде што посебно е запазен потребниот број на часови.

Концептот на нашата настава ги тренира сите вештини кои се неопходни за јазично делување:

  • СЛУШАЊЕ
  • ЧИТАЊЕ
  • ПИШУВАЊЕ
  • ЗБОРУВАЊЕ

На сите вештини им се дава еднакво значење и тие целно се вежбаат на час.

ИНТЕРАКТИВНА И КОМУНИКАТИВНА НАСТАВА

Слушателите се активни во процесот на учење на јазикот, наставата не е фронтална, знаењето (граматичките структури и вокабуларот) се применува на час во конкретни ситуации. Се работи во групна работа и/или партнерска работа при што ја зголемува мотивацијата.

НАСТАВА ОРИЕНТИРАНА КОН СЛУШАТЕЛИТЕ

Наставата се ориентира кон слушателите и ја зема во обѕир нивната индивидуалност, нивните интереси и потреби, а материјалите се прилагодуваат на поединецот. Се трудиме, колку што е можно, да ги испочитуваме барања на нашите корисници и да ги оствариме нивните желби. Секогаш имаме разбирање и сакаме да им излеземе во пресрет, да градиме најпрво пријателства и да помогнеме при реализацијата на замислените планови бидејќи сме дел од од зацртаниот успех.

НАСТАВА КАКО ПОДГОТОВКА ЗА ЈАЗИЧНО ДЕЈСТВУВАЊЕ

Оваа настава ве подготвува јазично да дејствувате, а тоа се прави преку симулација на автентични ситуации во училница. Она што сте го научиле теоретски можете веднаш да го употребите во реална ситуација.

МОДЕРНА НАСТАВА СО ИНТЕГРИРАЊЕ НА ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ

За подобро совладување на јазикот, во наставата користиме модерни дигитални медиуми (компјутери, мобилни телефони, различни платформи за учење јазик, мобилни апликации и сл.) кои што придонесуваат за полесно и позабавно учење и ве мотивираме тие да ги користите и дома.

НАСТАВА КОЈА НУДИ ИНТЕРКУЛТУРНА ОРИЕНТАЦИЈА

Кога се учи јазик, не се учат само граматички правила и зборови, туку и културата на земјата. Ние ќе ви ја доближитме кулурата на земјите во кои што се зборува јазикот што го изучувате која пак ќе ви овозможи полесна и поуспешна комуникација.

Спремни сте да започнете?

Аплицирај Online!

Пополнете ја формата со вашите податоци и курсот за којшто сакате да аплицирате и очекувајте да бидете исконтактирани.