„Академија 26“ е иновативен и модерен центар за неформално образование за возрасни и за деца чијашто работа се протега од јазични курсеви, преку организирање едукативни работилници за развивање на креативното изразување, па сè до професионални преводи на сите јазици.
Јазиците на човекот му ги отвораат портите кон нови светови и кон нови возбудливи култури. Целта ни е нашите ученици да постигнат високи резултати, а при тоа, со помош на нашиот концепт на работа, да им овозможиме учење кое што ќе биде забавно и ќе предизвикува задоволство.
Нашата успешна приказна започнува во 2017 година како резултат на трудот на млади ентузијасти кои успеваат својот менаџерски и основачки дух, заедно со своите организациски вештини, да го преточат во својата професија – професор по јазик. Неа воедно ја работат со голема љубов и посветеност следејќи го примерот на европските јазични институти и училишта во однос на квалитетот на наставата.
Во однос на останатите едукативни центри, „Академија 26“ се разликува по тоа што организира и воннаставни активности како што се: јазични работилници, отворени конверзациски средби со гости од странство (родени говорители), организирани часови за запознавање на различни култури преку музика, филм и гастрономија, кино-викенди и други настани во кои се применува странскиот јазик.